• Зоран Мишевски

Последната репрезентативна активност за оваа сезона донесе голема радост за грузискиот ракомет. Селекцијата на оваа поранешна советска република, која во Македонија донесе одлични ракометари како Чантурија и Орјоканидѕе, е репрезентација си најслаба вредност која се пласира на Европското првенство во Шведска, Данска и Норвешка. Сепак, Грузијците платија голема цена за мајскиот успех.
Во победата во четвртокот против Грција со 29-26 сериозно се повреди ракометарот на Охрид, Теиморуз Орјоканидѕе. Левиот бек ги скина лигаментите на коленото и го чека долга пауза. Орјоканидѕе наскоро ќе биде опериран и му следи најмалку шестмесечна пауза.
29-годишникот од Тбилиси пред да дојде во Охрид во нашата земја играше и за Пелистер, а ги бранеше боите и на клубови во Унгарија и Финска.
Повредата на Орјоканидѕе веројатно ќе значи дека Охрид ќе се врати на пазарот да ангажира соодветна замена.