Голем пех: Арсениевска се повреди, теренот го напушти на раце и со солзи (ВИДЕО)

Македонската женска ракометна репрезентација во првиот бараж меч на патот кон Мундијалот ѝ гостуваше на Полска во Кошалин. Уште во првото полувреме на овој натпревар нашата селекција остана без една бековска опција, бидејќи се повреди Ивана Арсениевска. 

Нашата ракометарка по еден дуел незгодно доскокна на десната нога, лошо ја свитка и многу веројатно потешко го повреди коленото. Арсениевска беше во солзи, а напомош дојде Сара Ристовска која ја крена и потоа со помош од Ива Младеновска ја изнесоа соиграчката до клупата. 

  • Моментот кога Арсениевска се повреди:

Ова е нов удар за Македонија и селекторот Кристијан Грчевски бидејќи во мини-подготовките повреда заработи и Леонида Гичева.