Голем момент за Македонија: Два судиски пара дел од ЕП 2026!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ги објави имињата на судиските парови кои ќе ја делат правдата на претстојното Европско првенство за мажи – ЕХФ ЕУРО 2026, што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка од 15 јануари до 1 февруари 2026 година.

Вкупно 18 судиски двојки од различни европски земји се номинирани за овој голем настан, кој ќе претставува кулминација на следната ракометна сезона. Меѓу нив се најдоа и два македонски пара, што претставува големо признание за македонското судиско тело.

Нашата земја за првпат ќе ја претставуваат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски како и легендарната двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои веќе имаат богато искуство на најголемите меѓународни сцени, вклучувајќи светски и европски првенства, како и Олимписки игри.

Покрај македонските судии, на списокот се најдоа и признати имиња од европскиот ракомет, меѓу кои германската двојка Роберт Шулце и Тобијас Тениес, шведскиот тандем Мирза Куртагич и Матијас Ветервик, како и данската комбинација Мадс Хансен и Јеспер Мадсен.