• Саше Љолес
Репрезентацијата на Србија долго направи голем кикс и ремизираше со селекцијата на Фарски Острови (31-31) во натпреварот од групата 2 на главната рунда од Светското ракометно првенство.
Се играше тврдо и неизвесно, нашиот северен сосед водеше со два гола по првите триесет минути, а потоа Фаранките пружија одличен втор дел, каде беа во игра за бод до самиот крај на мечот. Србија имаше водство на крајот, но ривалот со погодок во последните секунди дојде до голем бод, за голема радост помеѓу навивачите во салата.
Србија сега има пет бодови, додека Фарските Острови стигнаа до три бода. Најдобра ракометарка во победничкиот тим беше Јована Скробиќ, која постигна осум погодоци.
Во групата 3, селекцијата на Полска ја совлада Аргентина со 25-28, на тој начин правејќи нов исчекор кон евентуален пласман во четвртфиналето. Полјачките имаа негатива од еден гол на паузата (14-15), но ја запишаа победата со одлична игра во второто полувреме (14-10).
ФОТО: IHF






