Голем јубилеј за Сара Ристовска, доби честитка од ЦСКА Москва

Македонската ракометарка, Сара Ристовска, оствари голем јубилеј во дресот на нејзиниот клуб, ЦСКА од Москва. 27-годишното десно крило од 2019 година е во Русија, а сега стигна до остварување со кое ретко кој може да се пофали во модерниот ракомет.

Нашата репрезентативка стигна до бројката од 500 постигнати голови за славниот руски гигант, а воедно доби честитка на официјалниот фејсбук профил на ЦСКА.

Во кратката објава се вели дека Ристовска е единствена ракометарка во историјата која успеала да стигне до оваа бројка, за што доби и честитки на фејсбук-профилот на клубот. Соопштението завршува со зборовите „Ѝ честитаме на Сара од срце и душа, ова е само почеток!

Сара Ристовска е една од најдобрите поединки во ЦСКА Москва. Таа е воедно репрезентативка на Македонија и досега во националниот дрес има постигнато над 190 голови.