Голем интерес за домаќинствата на ЕП 2026 и 2028

Дури 14 држави испратија писма до Европската ракометна федерација (ЕХФ) за организација на Европските првенства во машка и женската конкуренција во 2026 и 2028 година.

Како дел од процесот, сите федерации имаа право да испраќаат писма со намери или да станат дел од заедничка понуда.

„Ова е најголем интерес што го имаме добиено од федерациите, покажувајќи намера да бидат домаќини на нашите водечки репрезентативни турнири. Овие бројки уште еднаш докажуваат дека ЕП останува најбараниот национален настан во нашиот спорт и покажува дека развојот на ракометот продолжува да расте“, рече претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер.

Кандидати за организација во машка конкуренција:

Кандидати за организација во женска конкуренција:

Апликациите до ЕХФ ќе мора да бидат доставени до 1 мај 2021 година, а доделувањето на домаќинствата за овие настани ќе се одржи на конференција во ноември 2021 година.