Голем гест на Порто: Ја повлече „единицата“ во чест на Кинтана

Екипата на Порто направи револуционерен потег и реши да го повлече дресот со број еден во чест на починатиот голман Алфредо Кинтана.

32-годишниот португалски репрезентативец доживеа срцев удар на тренинг и почина по неколку дена во болница, а од Порто во негова чест најавија дека нема да се користи „единицата“.

„Дресот со број еден повеќе нема да се користи во нашиот ракометен тим по предлог на претседателот Пинто. Кинтана ќе остане вечен“, соопштија од португалскиот првак.

Алфредо Кинтана беше член на Порто од 2010 година, а срцев удар доживеа во понеделникот. Пет дена мина во болница, лекарите се бореа за неговиот живот, но инфакртот беше фатален.