• Мартин Танасковски

Се случија инциденти, прекини, имаше многу провокации, но еден момент на дербито ја обедини целата сала, по голем гест на „Чкембари“.
Битолските навивачи истакнаа парола во чест на прерано починатиот член на „Комити“ - Дарко Смок. На неа стоеше и името на Никола Риба, навивач на Вардар кој исто така не е повеќе меѓу нас.
По оваа парола, навивачите се обединија и скандираа во чест на оние кои си заминаа од овој свет, а беа дел од трибините на „Комити“ и „Чкембари“.