• Саше Љолес
Ракометарите на Пролет 62 испуштија триумф во 12. коло од групата Б во македонската Суперлига и ремизираа со тимот на Голден Арт (24-24). Домашниот состав имаше повеќе од играта и на полувреме водеше со резултат 12-9, но на крајот гостите успеаја да стигнат до голем бод.
- Комплетниот натпревар помеѓу Пролет 62 и Голден Арт:
Второто полувреме започна со многу подобра игра на гоститe. Голден Арт успеа да дојде до израмнување (13-13), по што следуваше тајм-аут за тренерот Александар Јовиќ. Домашниот состав успеа одново да поведе (15-13), но Голден Арт успеваше да се одржува во рамноправна ситуација. Во пресрет на последните десет минути не можеше да се претпостави каде ќе замине победата, а гостите не се предаваа и почувствуваа дека можат да дојдат до поволен резултат.
Резултатот во 56. минута беше 22-22, а во клучните моменти видовме голема драма, во која Голден Арт имаше напад за израмнување и гостите буквално во последната секунда преку капитенот Давид Даев дојдоа до голем бод. Конечниот резултат гласеше 24-24.
Најефикасен во тимот на Пролет 62 беше Ласко Андоновски со девет голови, додека кај Голден Арт најмногу се истакнаа Петар Стојаноски и Христијан Милошевски, со по шест погодоци на своето салдо.