Голден Арт со Стојан Петрушевски по опстанок во Суперлигата

Македонскиот ракометен прволигаш, Голден Арт, објави дека нов тренер на екипата ќе биде Стојан Петрушевски. Поранешниот голман се одзва на повикот од управата и ќе ги предводи „црно-белите“ најмалку до крајот на сезоната. 

„Чест ми е што доаѓам во една млада и преспективна екипа која заслужува да игра во плеј-офот. Заедно со стручниот штаб се надеваме дека ќе избориме опстанок во супер лигата, зашто овие млади играчи го заслужуваат тоа, а исто така и клубот кој обезбедува и овозможува одлични услови за работа. Целта е јасна, одиме понатаму“, изјави новиот Петрушевски. 

Новиот тренер веќе го одржа првиот тренинг, а на клупата ќе дебитира следниот викенд, кога Голден Арт на домашен терен ќе се соочи со екипата на Куманово. Тимот во моментов има шест бодови и ја зазема третата позиција во плеј-аутот на македонската Суперлига.