Голден Арт промовира нови играчи на тестот кај Прилеп

Екипите на Прилеп и Голден Арт одиграа пријателски натпревар кој заврши со триумф на суперлигашот (32-30) и се продолжи темпирањето на формата за новата сезона.

Куриозитет на овој натпревар беа првите погодоци на Кристијан Стаменковиќ и Дарко Пасковски од тимот на Голден Арт во сениорска конкуренција, нешто што му појде од рака на Кристијан Самоиловски на претходниот подготвителен натпревар против тимот на Бутел.

Горан Кузманоски со Прилеп доста ротираше, им даде шанса на сите ракометари, но резултатот на мечот беше во втор план.

Следниот натпревар Голден Арт го игра повторно на гости против екипата на РК Охрид.