Голден Арт ќе означи старт на подготовките на четврти август

Екипата на Голден Арт го најави официјалниот старт на подготовките за новата сезона, закажувајќи го првиот тренинг за четврти август.

Клубот кој се залага за 100% македонски производ и само домашни играчи ќе се натпреварува во Првата лига, откако испадна од Суперлигата минатата сезона. Сепак, целта е враќање во елитата, а за тоа зборува и ангажманот на тренерот Никола Матлиевски и неколкуте имиња. 

Подготовките за новата сезона ќе се одржат во две фази. Првата ќе биде во Скопје, на физички план, додека втората ќе биде потешка и ќе се играат пријателски натпревари, а Голден Арт ќе настапи и на некои турнири. 

Клубот најави дека на стартот на подготовките ќе недостигаат Ѓорговски, Димовски, Илиески, Стојковиќ и Ерманоски кои имаат репрезентативни задолженија со кадетскиот тим, па ќе се приклучат на тимот по 15 август. 

Во салата СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 16:30 часот на четврти август момците на Матлиевски ќе ги „запалат моторите“.