Голден Арт го доби Јуниор во дербито на стартот на сезоната

Ракометарите на Голден Арт го добија дербито против Јуниор Кисела Вода со 24-21 (12-12), на стартот на новата сезона во Првата лига на Македонија. Во изедначен натпревар со многу надигрување, избраниците на Никола Матлиески стигнаа до победата. 

Дуелот тргна израмнето, Голден Арт диктираше темпо и често водеше, но ривалот од Кисела Вода не дозволи одлепување. По игра гол за гол, на пауза екипите заминаа со нерешени 12-12. 

Во продолжението, домашните играчи во малата сала во склоп на СЦ „Јане Сандански“ отворија со 3-0. Оваа предност Голден Арт усеваше да ја одржи, гостите немаа сили за враќање во игра и доаѓаа само близу до егал. Во завршницата момците на Матлиески рутински го приведоа дуелот кон крајот, предводени од добрата одбрана и одличниот голман Даскалоски. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Голден Арт и Јуниор Кисела Вода: 

Јуниор го имаше најефикасниот играч на натпреварот, во Горан Печенковси кој даде девет гола. Кај Голден Арт по пет пати погодија Симон Гучески и Марио Миланов, додека четири гола впиша Гајиќ.