Голден Арт ги стартува подготовките со суперлигашки амбиции

Стартуваше тренажниот процес на екипата на РК Голден Арт. Следува период на интензивни тренинзи, за максимална психофизичка подготвеност на играчите. На првата прозивка на тренерот Никола Матлиески и помошникот Филип Глигиров на ракометарите им беше посочено да продолжат со истото темпо и професионалниот пристап кој го покажаа и во првиот дел од првенството, за што подобар учинок кон патот до најсилната лига.

„Стартувавме со подготовки, играчите се желни за работа. Се надевам дека ќе имаме успешна полусезона во која ќе го подигнеме нивото на игра. Со што ќе успееме да ги оствариме сопствените и клубските амбиции, а тоа е да дојдеме до првото место и пласман во Суперлигата. Успеавме да се засилиме со неколку квалитетни играчи кои што сум сигурен дека добро ќе се вклопат во нашата екипа и ќе придонесат за добар резултат. Во текот на подготовките ќе одиграме и неколку контролни натпревари со цел спремни да го дочекаме стартот на првенството", иззјави тренерот Матлиески .

На првиот собир на играчите им се обрати и претседателот на клубот, Сашко Даев, потенцирајќи ја максималната поддршка кон остварување на поставените цели.