Голден Арт доби суперлигашко засилување на крилната позиција

Македонскиот ракометен прволигаш Голден Арт го претстави своето најново засилување. Нов член на тимот кој цели кон експресно враќање во елитата е Зоран Стојановски, ракометар кој игра на позицијата лево крило и во својот багаж има искуство од единаесет години настапи во мак-елитата..

„Голема благодарност за укажаната доверба на управата да бидам дел од овој клуб. Со задоволство ја прифатив понудата да играм за Голден Арт, клуб кој инвестира во македонски ракометари, ракометен субјект кој работи според девизата 100% македонски ракометари. Тоа вреднување и вложување во домашни играчи е за почит, поздрав и поддршка. Екипата е релативно млада со еден до два играчи кои имаат подолг ракометен стаж, сигурен сум дека со моето искуство ќе придонесам за уште поголеми успеси на клубот“, вели Стојановски по потписот.

Стојановски пред извесен период спогодбено го раскина договорот со тимот на Радовиш и се реши за нов предизвик во кариерата. Тој е дете на Борец, а покрај за велешкиот и радовишкиот клуб настапуваше уште за Овче Поле.