Голден Арт до декласира Вардар Неготино во натпревар со 82 гола

Ракометарите на Голден Арт им се вратија на победите во плеј-аутот во Суперлигата, откако на свој терен го совладаа тимот на Вардар Неготино, во ефикасен натпревар на кој беа постигнати дури 82 гола, на крај домашниот тим извојува триумф со 46-36.

  • Комплетниот натпревар меѓу Голден Артн и Вардар Неготино:

По загубената драма со Куманово во претходното коло (25-24) избраниците на Стојан Петрушевски одиграа квалитетен натпревар, особено во фазата на напад, но и покрај тоа опстанокот во елитата е невозможен. Вардар, пак, колку толку имаше шанси за најмалку бараж, но после овој пораз и таа желба пропадна во вода. 

Во поголемиот дел од првото полувреме се играше израмнето, Голден Арт во неколку наврати влезе во серија, но не успеа посериозно да се одлепи. Така, на полувреме се замина со 23-21, додека во продолжението домашниот тим воспостави контрола на теренот и тоа му донесе убедлива победа од десет гола разлика (46-36).

Во таборот на победничкиот тим брилијантен беше Мице Шилегов со единаесет гола, додека на спротивната страна супер-расположен беше Орешков со дури петнаесет погодоци.