Гол за најавни шпици: Лазаревски со атрактивна „шрауба“ во Битола (ВИДЕО)

Вардар 1961 ефикасно го отвори дербито со Еурофарм Пелистер, а особено расположен за надигрување со шампионот е Милан Лазаревски.

Во првите десет минути популарниот „мечка“ имаше „три од три“, од кои еден погодок беше супер-атрактивен. Лазаревски доби топката од Јагуриновски и, иако беше во крајно неповолна ситуација, одлично се снајде и со шрауба го совлада репрезентативниот колега Митревски.

  • Голот на Милан Лазаревски против Еурофарм Пелистер:

Големото дерби на најтрофејните одново се игра пред преполни трибини во салата „Боро Чурлевски“ и со присуство на гостински навивачи.