Гол за антологија: Марко Митев извади „магија од џеб“ и погоди како никој досега (ВИДЕО)

Марко Митев цела сезона е „моторот“ на Алкалоид во трката со Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 за македонските трофеи. Вечерва во победата против Бутел Скопје, средниот бек вгради еден ретко виден гол.

Имено, македонскиот репрезентативец надвор од баланс, турнат и негледајќи го голот постигна ретко виден гол. Мајсторијата на Митев ги остави без зборови дефанзивците на Бутел Скопје и немоќниот голман. Мајсторија како Боро Чурлевски во најдобрите денови.

  • Гoлот на Марко Митев против Бутел Скопје:

Алкалоид имаше многу проблеми во првиот дел, но извојува победа од 32-24 благодарение на перфектното второ полувреме.