• Иван Димовски
Јаков Гојун беше човекот кој го најави дуелот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, а по победата на хрватскиот тим (28-25) тој нагласи дека ова бил еден од најубавите моменти во неговата кариера. Хрватот посочи дека поради бројните проблеми во кои се наоѓа Загреб, триумфот има огромна тежина.
„Каков натпревар...
Пред почетокот реков дека никогаш не сум бил во вака тешка ситуација. Сега мислам дека ова беше една од најголеми победи во кариерата. Испорачавме навистина добар перформанс, сите до еден. Морам да го издвојам голманот Сандро Мештриќ кој го победи Еурофарм Пелистер буквално сам во второто полувреме. Тој ни ја даде шансата да дојдеме до победата“, прокоментира Гојун.
Ова беше последен европски натпревар за пелистерци во оваа календарска година. Возбудувањата од Лигата на шампионите се враќаат во февруари.




