• Иван Димовски
Ракометарите на ГОГ Гудме се радуваа не петтата победа во групата Б од Лигата на шампионите, откако дома го совладаа Порто со 35-27 (20-12). Португалскиот тим беше без македонскиот голман Никола Митревски на оваа средба, а го претрпе шестиот сезонски пораз во деветтото коло.
Данците отворија фуриозно и уште на стартот се наметнаа. Бргу дојдоа до 5-1, а потоа и до 10-2. До крајот на полувремето ГОГ успеа да ја зголеми оваа предност, имаше на моменти и плус девет, за на пауза да се замине со 20-12.
Во вториот дел Порто имаше свој налет на стартот. Португалците успеаја да врзат серија голови (5-1) и пријдоа најблизу на минус четири. Сепак, немаа сили за целосен кам-бек, а ГОГ се консолидира и зачекори кон сигурна победа.
Најдобар поединец на мечот беше Ханс Менсинг со осум реализации, додека кај Порто шест пати погоди Хименез Плаза.