ГОГ Гудме е во следната рунда, сигурен триумф и за Гранољерс во ЕЛ

Екипата на ГОГ Гудме ја оствари четвртата победа во групата А од Европската лига на ЕХФ, откако славеше на домашен терен над словенечкиот Горење со конечен резултат 31-21. 

Со оваа победа ГОГ и официјално го обезбеди пласманот во следната фаза, а најдобар поединец на натпреварот беше Келд Вилхелмсен, кој запиша седум погодоци. Горење останува без триумф и со само еден бод во оваа конкуренција, каде се натпреваруваат уште екипите на Криенс и Адемар. 

Убедлива победа оствари тимот на Гранољерс во мечот против Забрзе (41-30), германскиот Гумерсбах без проблеми го надигра Хафнарфордур со 32-24, францускиот Лимож убедливо славеше на гостувањето кај Прешов со конечни 21-34, шведскиот Истадс ја торпедираше романската Констанца со убедливи 38-29, додека Фленсбург во самиот финиш се избори за победа кај екипата на Сесвет (28-32).