• Мартин Танасковски
Екипата на ГОГ Гудме направи големо изненадување и успеа да слави на гостувањето кај ПИК Сегед (37-34) во рамки на 13-тото коло од Лигата на шампионите, претпоследно од групната фаза.
Унгарскиот гигант е во криза, а доказ за тоа се четирите последователни порази во елитното друштво кое го турнаа тимот на шестото место на табелата, последното кое води во плеј-офот на ЛШ. ГОГ, пак, успеа да се израмни со ПСЖ на табелата и во последното коло ќе чека расплет за да види од која позиција ќе оди понатаму.
Фредерик Бјере имаше одличен меч со 12 гола за ГОГ, го следеше Оли Митун со седум гола, додека кај Сегед, Јанус Смарасон даде седум, а Гарсиандиа и Шоштариќ погодија по четири пати.
Во вториот дуел за престиж во Групата А, екипата на Динамо Букурешт го победи Колштад од Норвешка со резултат 33-23. И двете екипи се испаднати, таму веќе се познати сите учесници во нокаут-рундата на ЛШ.







