• Сашо Поповски

Екипата на Порто пред точно дванаесет месеци ја потврди лошата вест во врска со смртта на голманот Алфредо Кинтана. Кубанецот кој бранеше за Португалија доживеа срцев удар на тренинг неколку дена претходно и не успеа да се избори за најважната животна битка.
32-годишниот чувар на мрежата доживеа инфаркт и оттогаш беше хоспитализиран во критична состојба. Лекарите се бореа за неговиот живот, но поради последица на срцевиот удар, неговото тело не издржа.
Поради немилиот настан, шампионот на Португалија не го одигра крајот на групната фаза од Лигата на шампионите.
Кинтана, кој беше роден на 20 март 1988 година, важеше за легенда на Порто. Бранеше за „змејовите“ од 2010 година, а од 2014 година беше дел од селекцијата на Португалија.