Гоце Ојлески потпиша со Еурофарм Работник

Македонскиот суперлигаш Еурофарм Работник донесе ново име во своите редови пред стартот на подготовките за европските купови.

Со битолскиот тим потпиша Гоце Ојлески, кој во редовите на Еурофарм доаѓа од Романија. Ојлески ќе биде замена за Серхио Барош, кој си замина на истек од договорот.

Репрезентативецот потпиша договор на две години и наскоро ќе биде претставен како нов член на битолскиот суперлигаш.

Со ова започнува преодниот рок на Еурофарм Работник во кој се предвидени неколку засилувања и обновувања на договорите на клучните ракометари. Екипата со подготовки ќе стартува во август во Битола.