Гоце Георгиевски започнува тренерска кариера

Македонскиот ракометар Гоце Георгиевски почнува ново поглавје во ракометната кариера и тргнува во тренерски води.

36-годишното крило на Вардар 1961 ќе биде дел од младинската школа на ракометниот клуб Рисови од Скопје. Како член на стручниот штаб, Георгиевски, кој зад себе има огромно искуство, ќе работи со ракометните школи.

Популарниот Џомба има двоцифрен број на настапи и голови за Македонија, тоа доволно говори за неговото место во репрезентацијата од која се пензионира како играч и за искуството кое го има да го сподели со најмладите.

Низ кариерата, Георгиевски покрај актуелниот клуб Вардар беше член како играч на македонски Металург, француски Феникс и романски ЦСМ Букурешт.