Гоце Георгиевски најдобро десно крило во идеалниот тим во Романија

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски ја доби довербата во Романија и доби место во идеалниот тим кој го состави медиумот „Про Спорт“, по анкета во која учествуваа 14 тренерски имиња од земјата.

Георгиевски имаше одлична сезона, ама пандемијата со коронавирусот му ги прекина добрите настапи за ЦСМ Букурешт. Крилото е пред заминување од Романија, а како наредна дестинација се споменува Македонија, поточно Вардар или Металург.

За најдобар голман е прогласен Саид Хајдаридад (Динамо), најдобро лево крило е Милан Котрч (Минаур), додека лев бек е Анте Кудуж (Динамо). Најдобар среден бек е  Камел Алуини (Динамо), десен бек е Мариус Садовеак (Поли Темишвар), додека на пивотменската позиција се најде Немања Грбовиќ (Стеауа).

Најдобар дефанзивец е Дан Савенко (Динамо), најдобар млад играч е Ливиу Каба (ЦСМ Букурешт), додека за МВП на сезоната е прогласен Анте Кудуж (Динамо Букурешт).