Глеб Калараш од Вардар се пресели во Мотор Запорожје

Рускиот репрезентативец Глеб Калараш го напушти Вардар и се пресели во Украина каде ќе го носи дресот на Мотор Запорожје.

Пивотот е потврден како ново засилување на украинскиот тим, а со екипата потпиша тригодишен договор. Прашање на време беше кога Калараш ќе го напушти Вардар, затоа што неговото заминување се најави уште од поодамна.

28-годишниот Русин двапати веќе играше за Мотор, во 2015/16 и 2016/17, а покрај за Вардар настапуваше и во Бундеслигата каде го носеше дресот на Магдебург.

Вардар го напуштија Милосављев, Војводиќ, Мораеш, Кисељев, Карачиќ и претходно Борозан.