• Мартин Танасковски

Екипата на ГРК Охрид и официјално останува без едно од важните имиња во својот ростер. Ориол Реј, шпанскиот специјалист за одбрана, го напушти клубот и кариерата ќе ја продолжи во Полска.
Како што најави Gol.mk во својот претходен текст, шпанскиот ветеран кој игра на пивотменската позиција се упатува кон Полска, каде ќе игра за Висла Плок, а доаѓа како замена за Матеј Хавран од Татабања, кој требаше да се упати кон полскиот колектив, ама се повреди и затоа ривалот на Вардар во групата на ЛШ мораше да бара итна алтернатива.
Охрид нема да остане со празни раце, затоа што ќе добие финансиска отштета за услугите на Шпанецот. Во неговиот договор стоела откупна клаузула, која Полјаците ја активирале принудно заради потребата од играч од негов калибар.
Во тимот на ГРК Охрид, замена за Ориол во одбраната ќе биде Филип Талески, додека на позицијата како пивотмен, тоа ќе биде Јапонецот Шуичи Јошида.
