Гландорф ја заврши кариерата, Сепмер негова замена во Флензбург

Холгер Гландорф стави крај на кариерата во 37-та година од животот. Десниот бек се простува од ракометот како четврти стрелец во историјата на Бундеслигата со 2.406 постигнати голови. 

Гландорф ,19-годишната кариера ја започна во Нордхорн, по осум сезони се пресели во Лемго, а играч на Флензбург е од 2011 година до денес. Минатата сезона Гландорф стана шампион во Бундеслигата, во 2014 година ја освои Лигата на шампионите, а во во 2007 година беше дел од репрезентацијата на Германија која ја освои светската титула.

„Сакав последниот натпревар да го одиграм во нашата сала пред полни трибини. Сепак, за жал ситуацијата денес тоа не го дозволува“, рекол Гландорф.

Франц Семпер од Лајпциг е ракометарот кој треба да го покрие пензионирањето на Гландорф.