ФОТО: „Гладијаторите“ влегоа во „арената“ и се фатија за теговите

Ракометарите на Охрид продолжуваат со подготовките за сезоната во Суперлигата, која ќе ја пречекаат како главни фаворити во својата група за влез во плеј-офот.

„Гладијаторите“ од понеделникот се во тренажен процес, а денес се фатија и за теговите бидејќи знаат дека без разлика што се големи фаворити ги чека долга и напорна сезона. 

Тренерот Раде Стојановиќ на располагање ќе го има речиси истиот состав од минатата сезона, со исклучок на Атанасовски кој се пресели во Франција, но неговото место беше пополнето со Чагаљ кој доаѓа од редовите на Металопластика

Охрид во новата сезона на Суперлигата која стартува на 12 септември ќе биде дел од групата А, заедно со Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, Голден Арт КЛ7, Радовиш и Пролет.