ВИДЕО: „Гладијаторите“ со пилатес-тренинг ја билдаат формата за Суперлигата

Ракометарите на Охрид ги одработуваат последните тренинзи пред заминувањето за Будва, Црна Гора, каде ќе ја одработат главната фаза од зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Суперлигата.

<<< ПОВРЗАНО - Охрид со убедлив триумф над Вардар Неготино означи старт на подготовките

Избраниците на Раде Стојановиќ пред два дена рутински славеа на пријателскиот натпревар против Вардар Неготино, а синоќа за момент го оставија ракометот на страна и одржаа пилатес-тренинг.

Младиот стратег кој пред една седмица ја доби потребната Мастер Коуч лиценца полека го крои планот за пролетните предизвици во плеј-офот од шампионатот и од Купот на Македонија. 

<<< ПОВРЗАНО - Стојановиќ: Еден ден сакам да водам елитен клуб, но сега мислам само на Охрид

На први февруари, Охрид „гладијаторите“ заминуваат на подготовки во Будва, Црна Гора, каде се договорени три контролни средби.