Ѓукиќ: Убаво е да се заврши СЕХА-сезоната со победа

Ѓукиќ

Победничкиот крај на СЕХА-сезоната донесе причина за задоволство во редовите на Еурофарм Работник.

Битолскиот тим го надигра Спартак Москва на гостински терен, а тоа го израдува првиот тренер на екипата Божидар Мојсов.

„Добро одигравме во целина. Многу сум среќен што успеавме да победиме на овој натпревар. Целта ни беше да ја завршиме годината со победа. Еурофарм беше фаворит и поради тоа не беше лесно за нас да оставиме добар учинок денес. За Спартак се знае дека е опасен противник што може да ве изненади“, изјави битолскиот стратег.

По победата задоволен беше и крилниот играч Милан Ѓукиќ кој изјави:

„Спартак има многу млади играчи, но тие прикажуваат добри настапи секогаш кога ќе излезат на терен. Натпреварот денес беше добар за нас, полн со одлични моменти и убави голови. Среќни сме за оваа победа. Убаво е да се заврши групната фаза од СЕХА-сезоната на високо ниво“.

Еурофарм Работник за четвртфиналето ќе разигрува со екипата на Нексе Нашице.