Ѓукиќ: Пелистер нема што да загуби, нè чека ново тешко градско дерби

Македонскиот ракометен шампионат е пред самиот крај, а екипата на Еурофарм денес и вторник ги игра последните две дерби средби против Пелистер и Вардар. 

Десното крило на „фармацевтите“ Милан Ѓукиќ е задоволен од досегашните резултати на екипата, а се надева дека екипита ќе бележи успеси до крајот на сезоната. 

„Без разлика што според табелата сме фаворити, нема да биде лесно против Пелистер. Мораме да одиграме квалитетен натпревар во сите 60 минути, затоа што Пелистер нема што да загуби на овој дуел. Што се однесува до средбата со Вардар, знаеме дека е голема екипа, која повторно ќе игра во Келн, но се надеваме на нивни лош ден, па да пробаме да го изненадиме“, ни изјави Ѓукиќ. 

Натпреварот против Пелистер, Еурофарм го игра вечерва од 18:30 часот. 

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 10 8 0 2 327:259 68 24
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
4 ПелистерПелистер 10 3 0 7 285:306 -21 9
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 3 0 7 271:293 -22 9
6 Пролет 62Пролет 62 10 2 0 8 250:319 -69 6