ВИДЕО: Ѓукиќ од Еурофарм со гол „а ла Дибиров“ е меѓу најдобрите на колото во ЕХФ Купот

Екипата на Еурофарм Работник со пораз на гостувањето кај Татабања ги заврши настапите во деби-сезоната во групната фаза на ЕХФ Купот, а мечот го одбележа атрактивниот гол на Милан Ѓукиќ.

Српското крило доби топка преку цел терен, ја прими и погоди во стилот на Тимур Дибиров. ЕХФ го награди ракометарот на „фармацевтите“ со место меѓу најдобрите голови на шестото коло и тој се наоѓа на третата позиција.

  • Погледнете го голот на Ѓукиќ:

Ѓукиќ го заврши натпреварот против Татабања без ниедно промашување и четири гола од четири обида.

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2