Ѓукиќ: Најсилна страна на Елверум е нивниот брз центар и нападот

Норвешки Елверум ќе биде првиот противник на Вардар во новата сезона на Лигата на шампионите, а новото крило Дарко Ѓукиќ верува дека „црвено-црните“ во Скопје ќе се вратат со посакуваните бодови.  

Делегацијата на Вардар веќе замина за Норвешка, а за овој дуел Веселин Вујовиќ нема да може да смета на Анте Кудуз, Борко Ристовски и Едуардо Гурбиндо, но во екипата се последните засилувања браќата Оливие и Кевин Њокас.

„Очекуваме тежок натпревар. Тие имаат млада екипа. И лани беше заедно со Вардар во иста група. Најсилна страна на Елверум е нивниот брз центар и нападот. Играат брзо, шутираат многу. Верувам дека ќе освоиме бодови. Се подготвуваме долго и се надевам во Скопје ќе се вратиме со бодови“, вели Ѓукиќ.

Во минатата сезона Вардар забележа сигурна победа на првиот меч (32-35), додека во вториот во финишот испушти четири гола разлика и ремизираше со резултат 34-34.