Ѓукиќ ги наполни пелистерци, Еурофарм доминантен во дербито

Еурофарм Работник е победник на првото градско дерби во Суперлигата. Како гостин, тимот на српскиот тренер Ѓорѓе Чирковиќ го совлада Пелистер со 22-33 (9-15). Дуелот го следеа 4.000 љубители на ракометот, но немаше надигрување, туку натпревар во една насока. 

Гостите одлично го отворија натпреварот, Ѓукиќ и Кузмановски постигнаа по два гола за брзо водство од 1-5 и тајм-аут на Петрески. Техничките грешки се редеа кај пелистерци, а квалитетниот тим на Еурофарм Работник тоа знаеше да го казни. Предноста брзо порасна и во 13. минута „сино-црните“ поведоа со +7. Брзопетоста продолжи меѓу „зелените“, Петрески не успеа ниту со замените до го најде вистинскиот ритам и на одмор Еурофарм Работник замина со 9-15. Чаневски со серија на одбрани во финишот го одржа водството.

Кога на почетокот од вториот дел Еурофарм Работник со серија 5-1 се одлепи на +10 победникот како да се наѕираше. Петрески се обиде со Лековиќ и Зејак, но домашните ракометари грешеа, а Ѓукиќ ја полнеше нивната мрежа. На половина од играта во вториот дел предноста достигна 11 гола. Без максимален напор избраниците на Чирковиќ го приведоа натпреварот кон крај до победа од 22-33.

Најефикасни поединци во тимот на Еурофарм Работник беа Ѓукиќ со 13 и Кузмановски со шест гола, а кај Пелистер се истакна Габонецот Табангует, Димитровски и Зејак со по четири гола. Одличен натпревар одигра и клучна улога околу победата имаше голманот Градимир Чаневски. За време на викендот Суперлигата продолжува со второто коло, во кое битолските клубови ги пречекуваат Пролет и Радовиш.    

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0