Ѓукиќ: Борозан трпи огромен притисок од Вардар и македонската јавност

Деновите до стартот на Европското ракометно првенство во ракомет се намалуваат, а селекторот на Црна Гора (нашиот противник во групата Ц), Драган Ѓукиќ сè уште не знае дали за овој собир во Хрватска ќе може да смета на својот најдобар ракометар, Вуко Борозан. 

Искусниот стратег вели дека во овој момент сè зависи од самиот Борозан, но напомена дека ракометарот на Вардар трпи големи притисоци од својот клуб, како и од целокупната македонска јавност. 

„Не знам што точно се случува со повредата на Вуко Борозан. Тој како и сите останати ракометари е добредојден да игра за својата селекција. Во овој момент само од него зависи дали ќе игра за нас на Европското првенство. Но, имам чувство како да трпи притисок и од страна на Вардар и од страна на македонска јавност. Таму се прави лажна атмосфера дека однапред се откажуваме од него“, вели Ѓукиќ.

Црногорците првенството во Хрватска го започнуваат со меч со бранителот на титулата, Германија, додека со нашата селекција ќе се сретнат во второто коло, на 15 јануари.