• Мартин Танасковски

Еурофарм Пелистер 2 беше единствениот од останатите тимови од Суперлигата кој успеа да слави над Вардар оваа сезона, меѓутоа немаше сили за ново изненадување на Ф4 во Купот на Македонија (24-28). По натпреварот во име на битолчани говореше Емилијан Ѓорговски
„Сакам да му честитам на противникот за победата. Вардар е двапати европски шампион, но ние така не го гледавме овој натпревар. Се подготвувавме за овој дуел, во еден момент се обидовме да ги намалиме техничките грешки. Ние бевме единствена екипа која го победи Вардар оваа сезона во регуларниот дел и се надевавме повторно на такво нешто, но не успеавме“, изјави Ѓорговски.
Младите битолчани на Јовиќ сега се враќаат на натпреварите во домашната сцена. Има уште две кола, а фокусот е вперен кон битката за Европа.