Ѓорѓиевска со одлична партија, но Крајова загуби од Валчеа

Капитенот на женската ракометна репрезентација, Елена Ѓорѓиевска игра во одлична форма на почетокот на сезоната, но сепак нејзиниот тим Мунисипал Крајова не бележи добри резултати.

Најпрво загуби од Подравка во финалето на квалификацискиот турнир за пласман во Лигата на шампионите, а потоа беше поразен и од незгодниот состав на Рамницу Валчеа во романскиот шампионат.

Валчеа победи со 27-23, а нашата репрезентативка беше најдобра на теренот во поразената екипа. Ѓорѓиевска постигна шест голови од девет обиди, но ниту не беше доволно да се забележи позитивен резултат на ова гостување.