Ѓорѓиевска со два гола и триумф ги заврши настапите во ЕХФ Купот

Македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска забележа победа за крај на настапите во ЕХФ Купот и со романска Мунисипал Крајова на домашен терен беше подобра од шпанска Бера Бера (26-23).

Романките и шпанскиот тим немаа шанса да одат понатаму, па овој меч беше само борба за третото место во групата. По првиот дел Крајова имаше позитива од два гола (13-11), а во вториот дел со еден гол повеќе во противничката мрежа го потврди триумфот.

Ѓорѓиевска на оваа средба доби минутажа и постигна два гола во мрежата на Бера Бера. Крајова ги заврши настапите со пет бода, а во наредната фаза одат Подравка и Ник.