Ѓорѓиевска меѓу најдобрите стрелци на пријателските мечеви за Крајова

Капитенот на македонската репрезентација Елена Ѓорѓиевска по две сезони минати во унгарскиот Алба Фехервар, се врати во романскиот шампионат и потпиша за освојувачот на ЕХФ Купот, тимот на Мунисипал Крајова.

Ако се суди по пријателските натпревари кои се играат во претсезоната, Ѓорѓиевска ќе биде една од главните ракометарки во Крајова, тим што ќе се бори низ квалификации за место во Лигата на шампионите.

На последниот дуел против Клуж, кој Крајова го доби со 30-23, Ѓорѓиевска беше најдобар стрелец и постигна пет голови, додека на дуелот против Залау, кој Крајова го загуби со 21-22, десниот бек даде три голови.