• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Македонија го започна „Жолтиот Куп“ со победа над Бахреин, а следниот предизвик кој доаѓа е дуел против Украина. Пред второто соочување во Швајцарија, коментар на првиот дуел, како и за следниот, даде средниот бек Игор Ѓорѓиев.
„Најпрво сакам да им честитам на сите за победата. Имавме тежок натпревар за играње, но тоа беше само подготвителен меч. Ние од дуел во дуел ќе бидеме подобри, работиме за тоа. Секогаш како индивидуалец целам на подобро, мислам дека сите можеме многу подобро. За тоа треба да ги намалиме нашите осцилации на мечевите и верувам дека ќе бидеме подобри на дуелите кои ни следат“, изјави Ѓорѓиев.
Натпреварот меѓу Македонија и Украина ќе започне од 17:45 часот. Во вториот дуел на денот играат селекциите на Швајцарија и Бахреин.
Последниот, трет натпревар, во рамки на „Жолтиот Куп“, Македонија ќе го игра на 10 јануари против Швајцарија.


