• Иван Димовски
Ракометарите на Алкалоид загубија и на реваншот во Скопје од Хановер (28-29) во рамките на бараж двомечот за пласман во Европската лига на ЕХФ. По поразот на прес-конференцијата зборуваше тренерот Кирил Лазаров кој го посочи главниот проблем кој го имаше неговиот тим.
<<< - ПОВРЗАНО - Лазаров: Невозможно е да победиш бундеслигаш со девет промашени седмерци!
Краток коментар за одиграното даде и бекот Игор Ѓорѓиев кој му честита на противникот.
„Сакам да им честитам на Хановер за победата и да им посакам среќа во групната фаза на ЕХФ Европската лига. За жал, за нас европската авантура завршува тука и нашиот фокус ќе биде насочен кон домашните натпреварувања“, кратко заклучи Ѓорѓиев.
Пред стартот на натпреварот во салата „Автокоманда“ играчите и стручниот штаб на Алкалоид го добија освоениот пехар во Европскиот ЕХФ Куп за минатата сезона.






