Ѓорѓиев: Пивотот, бековите и тркачката игра се главната сила на Бриксен

Македонски Алкалоид е во Италија каде е во исчекување на европскиот дуел со Бриксен. Капитенот на тимот од Автокоманда, Игор Ѓорѓиев, даде увертира на мечот за кој истакна дека ќе мора да се биде кондициски на ниво и доста да се трча, ако се сака резултат во Италија.

„Имавме доста време да се подготвиме за Бриксен, се работи за полетна екипа која трча добро во два правци. Нѐ чека тешка борба на двата меча, посебно во тој тркачки дел. Најголемата нивна опасност доаѓа од пивотот и двата бека кои се интернационалци од Бразил и од Аргентина, плус имаат уште неколку странски ракометари во екипата. Сепак, мислам дека добро ги анализиравме, очекувам добар меч и секако наши победи и потоа пласман во следната рунда“, вели Ѓоргиев.

Натпреварот меѓу Бриксен и Алкалоид се игра од 19:00 часот. Во Европскиот куп на ЕХФ, Алкалоид досега ги елиминира литванска Клаипеда Драгунас и австриска Вест Виена со четири победи на четири средби.