Ѓорѓески: Ја ризикував кариерата за Пелистер, а тие мене ме суспендираа! 

Голманот Даниел Ѓорѓески од Вардар пристигна во Пелистер како големо засилување меѓу стативите, но авантурата во битолскиот клуб ја завршува неславно. Младиот македонски голман доби суспензија од актуелното раководство и наредните мечеви ќе ги преседи на трибини.

Суспензијата за голманот доаѓа поради наводна непослушност, заедно со Александар Гуглета и Александар Станојевиќ. Ѓорѓески во изјава за Gol.mk вели дека жали што така ќе се раздели со Пелистер, клуб за кој бил подготвен многу да жртвува.

„Навистина многу ми е жал што вака завршува мојата авантура со Пелистер. На дебито против Радовиш се здобив со незгодна повреда на коленото, па веднаш заминав во Скопје на дополнителни прегледи. Иако требаше да одморам подолг период од клубот ме присилија порано од предвиденото да се вратам на терен, бидејќи сум им бил потребен. Иако сè уште имав болки и бев свесен дека ја ризикувам кариерата, се решив да му помогнам и застанав на голот. Но, ниту тоа не беше доволно, па ете пред крајот на сезоната ме суспендираа, со образложение дека сум бил повреден“, ни изјави поранешниот голман на Вардар. 

Пелистер до крајот на сезоната го чека борба за место во Европа, но истата ќе биде премногу тешка. Битолчани во последниот дел од сезоната ќе бидат под водство на Атанасовски и Велјановски, кои претходно функционираа како помошници на Јошки Петковиќ.

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 10 8 0 2 327:259 68 24
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
4 ПелистерПелистер 10 3 0 7 285:306 -21 9
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 3 0 7 271:293 -22 9
6 Пролет 62Пролет 62 10 2 0 8 250:319 -69 6