Ѓорѓески им се врати на тренинзите, Пелистер добива големо засилување за плеј-офот! 

Даниел Ѓорѓески само што дојде во Пелистер, веднаш се повреди. 25-годишниот чувар на мрежата во Битола пристигна од редовите на Вардар со цел да ги реши голманските главоболки на Јошко Петковиќ, но по лошо ќе го памети своето деби во зелено-белиот дрес. 

Ѓорѓески меѓу стативите на првиот пролетен дуел против Радовиш мина само една минута, по што принудно беше повлечен од игра, а потоа ги пропушти и натпреварите против Стурга, Прилеп и Охрид. 

Сепак, неговите проблеми со повредата се минати и веќе со полн интензитет работи со остатокот од екипата, па така Пелистер сигурно ќе добие големо засилување во пресрет на плеј-оф сезоната на Суперлигата. 

Пелистерци својот прв натпревар во разигрувањето го играат в сабота на гости кај Металург, а веројатноста е голема поранешниот вардарец да застане меѓу стативите на битолскиот клуб. 

Тој потекнува од Гостивар, а во својата кариера играше уште за Куманово, Работнички и Вардар Јуниор. Во Пелистер се пресели од редовите на Вардар, откако не успеа да се наметне кај стратегот Роберто Гарсија Парондо.