• Мартин Танасковски

Актуелниот ракометен шампион во женска конкуренција, екипата на ЖРК Ѓорче Петров, одигра добар натпревар и победи кај ЖРК Пелистер (28-33) во рамки на плеј-офот на домашната ракометна сцена.
Ѓорчепетровки имаа проблеми во мечот нешто околу дваесетина минути, а потоа откако влегоа во серија и од 10-11 заминаа на 10-14, беше многу полесно да се игра. Гостинките од Скопје имаа 14-17 на паузата во Битола, а сите дилеми околу победникот ги решија кога се одлепија на 19-25.
- Комплетниот натпревар меѓу ЖРК Пелистер - ЖРК Ѓорче Петров:
Катерина Дамјановска со осум беше најдобра, ја следеше Емилијана Ризоска која беше втор стрелец кај ЖРК Ѓорче Петров со шест гола, додека Теодора Дукоска стрела четири пати. Кај ЖРК Пелистер, Мари Франсоа даде девет гола.
ЖРК Чаир на домашен терен сигурно ја совлада ЖРК Стружанка (31-23). Марија Николовска, Стефанија Ѓеоргиевска и Јасмина Попова погодија по петпати за чаирчанки, додека за гостинките од градот крај езерото, Ивана Затуроска даде осум гола.