• Иван Димовски
Ракометарките на Ѓорче Петров беа елиминирани од Европскиот куп на ЕХФ, откако двапати загубија од Елче во Скопје. По поразот вчера од 19-16, на денешниот реванш „лавиците“ немаа сили да се вратат и загубија овојпат поубедливо со 19-25 (10-16).
Подобро отворија ѓорчепетровки и имаа минимално водство на стартот, но по 5-5 следуваше серија на гостите од 0-4 и предност од 5-9. До полувремето шпанските ракометарки се одлепија на комфортни шест разлика со кои се замина и на одморот (10-16).
Во продолжението Ѓорче Петров се обидуваше да се врати, но најблизу стигна до „минус четири“ во два наврати. На крајот Елче триумфира убедливо во Скопје.
Со по четири гола најдобри меѓу стрелците на ѓорчепетровки беа Бојана Коцева и Армина Исиќ.


