• Мартин Танасковски

Ракометарките на Ѓорче Петров со сигурна игра во второто полувреме славеа над Куманово со 31-21 во првото коло од женската Суперлига.
На паузата „лавиците“ имаа предност од еден гол (13-12), а разликата за победа се направи во второто полувреме. Главната серија на голови падна кога фаворитот се одлепи наа 21-15 и целосно ја презеде контролата на натпреварот и до крајот не дозволија никаква неизвесност.
Емилијана Ризоска и Катерина Дамјановска со по седум погодоци беа најпрецизни кај победничкиот тим, додека Мариана Силва Азеведо со десет гола беше најдобра поединка кај Куманово.

