Ѓорче Петров се засили со Марија Анчева

Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров-МРК објави ново засилување за претстојната сезона. Нов член на македонскиот суперлигаш е искусната ракометарка Марија Анчева.

Средниот бек во Ѓорче Петров пристигнува од редовите на Астибо и ќе претставува дополнително засилување во бековската линија на тимот.

Од клубот ѝ посакаа топло добредојде и многу успех во новата сезона, во која Ѓорче Петров повторно ќе има високи амбиции на домашната и европската сцена.